Сребрен медал за Марија Нисева на Државното првенство на Бугарија

Марија Нисева освои сребрен медал на Државното првенство на  Бугарија во Стара Загора, кое се  одржа на 27 и 28 март.

Нисева, која настапуа за Асеновград, забележа три победи и еден пораз во категоријата до 62 килограми во У-15.

„Марија во финалето имаше водство 7-4, но не успеа да го зачува, односно со мало невнимание не забележа победа“, изјави тренерот Ацо Крстев.

Марија е сестра на Андреа Нисева, членки на Олимпија од Штип, кои поради суспензијата на клубот, а за да немаат застој во кариерата, настапуваат за Асеновград од Бугарија со двојно државјанство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON