Сребрен медал за Дејан Георгиевски на Светскиот куп во Романија

Со две доминанти победи над Вудорадо Дарел од САД и Андреу Петрос од Кипар, Дејан Георгиевски обезбеди финале и сребро на Ссветскиот Г1 куп во Букурешт, Романија.

„Во финалето се сретнавме добро познатиот репрезентативец на Франција Ел Омар, до сега четири пати сме успеале да го добиеме, но денеска беше негов ден.

Одиме по зацртаната патека, Олимписките игри во Лос Анџелес 2028 се наш следен предизвик. Чекориме по највисоките светски олимписки стандарди, тоа е критериум кој го поставивме и живееме за да го негуваме“, пишува на Фејсбук тренерот Дарко Костовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО