Дејан Георгиевски (+87 кг) во големото финале ги одмери силите со Луис Канингам од Велика Британија на Европските игри во Полска, кој славеше 0-2 во рунди (Р1 0-4, Р2 2-13).
Британецот како да имаше полесна нога, па така доаѓаше побрзо до поени.
Сепак, Дејан уште еднаш испиша историја за македонскиот спорт, а Македонија се враќа од игрите со сребрен медал.
Резултати
Дејан Георгиевски – Матија Молин (Италија) 2-0
Дејан Георгиевски – Андриј Харбар (Украина) 2-1
Полуфинале
Дејан Георгиевски – Иван Мартинез Гарсија (Шпанија) 2-0
Финале
Дејан Георгиевски – Каден Луис Канингам (Велика Британија) 0-2