Сребрен медал за Дејан Георгиевски на еден од најсилните таеквондо турнири „Турција опен Г2“

Дејан Георгиевски го освои сребрениот медал на силниот Меѓународен таеквондо турнир „Турција опен Г2“ во Анталија.

Георгиевски во финалето загуби 1-2 од Марат Мавлонов од Узбекистан.

Преходно олимпискиот вицешампион извојува три фуриозни победи над ререзентативци на Турција, Казахстан и во полуфиналето против еден од најдобрите таеквондости во светот Хамидреза Бадријалијабади.

Вториот наш претставник Филип Блажевски против силните турски натпреварувачи забележа победа и пораз. Сепак, ова е добро деби на големите натпреварувања за стекнување на неопходното искуство

Турција опен Г2 годинава се одржува во Анталија, присутна е цела олимписка таеквондо елита. Традиционално овој турнир е еден од најсилните во светот.

Резултати – Турција опен Г2:

+87 кг
Дејан Георгиевски – Ефе Ахмет Сариоглу (Турција) 1-0
Дејан Георгиевски – Шојхјахон Каримбоев (Узбекистан) 2-1
Полуфинале
Дејан Георгиевски – Хамидреза Бадријалијабади (Азербејџан) 2-1
Финале
Дејан Георгиевски – Марат Мавлонов (Узбекистан) 1-2

-74 кг
Филип Блажевски – Абдулкадир Инан (Турција) 2-0
Филип Блажевски – Мехмет Кани Полат (Турција) 0-2

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО