Сребрен медал за Андреј Мишев на силниот турнир во Романија

Андреј Мишев освои сребрен медал во категоријата до 45 килограми на силниот Меѓународен турнир во борење за кадети (У-17) „Константин Александру & Јоан Поповичи” во Букурешт, Романија.

По три убедливи победи над своите противници македонскиот репрезентативец, инаку член на Балканец, доживеа еден пораз и тоа во финалето, сепак ги потврди квалитетите и докажа дека е еден од најталентираните млади борачи во Македонија.

Тренерскиот тим верува дека Андреј е подготвен за поголем предизвик и се надеваат на добар пласман на Европското првенство кое ќе се одржи во средината на јуни во Скопје.

Турнирот е дел од официјалниот календар на Светската боречка федерација (УВВ).

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON