Македонските репрезентативци во кендо освоија сребрен и бронзен медал во индивидуалните борби на 11.Балкански кендо куп во Ниш, Србија.
Андреј Александров го освои сребрениот медал во јуниорска конкуренција, а бронзата и припадна на Ивона Лазаровска.
„Одличен индивидуален настап. Сениорите имаа добри борби, ама никој не успеа да земе медал“, велат од нашата репрезентација.
Утре се екипните натпревари, а Македонија е во група со Грција и Србија. Потребно е барем една победа за да оди во елиминации нашиот тим.