Абдурахим Идризи (-52 кг) од КК Макпетрол го освои сребрениот медал на Светскиот младински куп во Умаг Хрватска, откако во финалето беше совладан од Алехандро Ортиз Фернандез од Шпанија со 3-0.
Ова е добро враќање на Идризи на борбите, бидејќи минатата и оваа година беше посветен на катите и на годинашново Европско првенство го освои сребрениот медал во кати. Во кати загуби во првото коло од Шпанец.
Во категоријата до 52 килограми во кадетска конкуренција Абдурахим до финалето ги совлада со 9-1 Сани Хир од Канада, па Жорди Миранада од Шпанија со 2-1, а со Јакоб Хериксен од Данска победи на судиско изјаснување при резултат 0-0. Во полуфиналето слваеше над Хи Чау Ка од Хонг Конг со 3-0.
Вчера денот на македонските каратисти не и беше по мерак, бидејќи имаа претежно порази, како сестрите Маријана и Мишела Димоска, Киријана Камческа која имаша победа и пораз и Владнка Аврамова, а претходниот ден во конкуренција на деца Петар Аврамов имаше победа и пораз.
Ipon.mk/В.Д.