Македонската репрезентација засега освои еден сребрен и три бронзени медали на Блаканското првенство за деца во Истанбул – Турција. Сребрениот медал го освои Јусра Адеми.
Јусра Адеми (-49 кг) сребрен медал деца до 13 години.
Адеми во финалето загуби од Ема Сгардели од Хрватска со 0-2. Таа преходно забележа три победи.
Марко Поптодоров бронзен медал во кати до 11 години.
Во борбата за бронзениот медал го совлада Балса Ѓоковиќ од Црна Гора со 3-2. Пртеходно имаше две победи и еден пораз.
Греса Мустафаи (+44 кг) бронзен деца до 11 години.
За бронзениот медал ја совлада Анџела Костиќ од Србија со 3-0. Таа во првото коло загуби од претставничка на Турција, а до борбата за медал во забележа една победа.
Исаки Сухејла (-39 кг) бронзен медал деца до 13 години.
Со 1-0 ја совлада Турчинката Суденаз Арслан, а пред тоа доби уште една борба во репасажот. На стартот имаше победа и пораз.
Ipon.mk/В.Д.