Клупските другари Роберто Здравковски и Ѓорги Петров од Партизан-Кочани на Меѓународниот карате турнир Гран при Кроација во Самобор-Хрватска, ги освоија сребрениот и бронзениот медал во категоријата до 48 килограми во конкуренција на млади кадети.
Здравковски во финалето е поразен од Сергеј Вучиќ од КК Енергија – Босна и Херцеговина. Претходно забележа три победи против натпреварувачи од Словенија и Италија, додека Петров имаше победа и пораз, а во репасажот совлада двајца Италијаци.
Додека пак Марко Поптодоров и Марио Димчевски од Гладијатор од Велес во кати за ученици ги освоија златниот и бронзениот медал.
Ipon.mk/В.Д.