Спонг забележа нов нокаут во очи на очекуваната пресметка со Усик

Тајрон Спонг (14-0, 13 КО) ја оствари можеби најважната победа во неговата боксерска кариера.

Непоразениот Суринамец во мексиканската Мерида со прекин во втората рунда го совлада Еквадорецот Џејсон Минда (14-2-1, 8 КО) и ја отвори вратата за борба со Александр Усик.

Еквадорцот имаше броење во втората рунда по десниот директ во телото. Успеа да продолжи, но по новиот напад на поранешната кик бокс ѕвезда борбата беше прекината.

На Спонг ова му е прва борба од минатиот декември кога со поделена одлука го совлада уште еден Еквадорец Итала Перу.

33-годишниот Суринамец изби во прв план за противник за дебито на Украинецот во тешка категорија на 12 октомври, откако Кралос Такам и Андреј Федосов испаднаа од конкуренција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON