Спенс и Гарсија успешно го одработија мерењето за светската титула (ВИДЕО)

Светски шампион во велтер категорија Ерол Спенс Јуниор. (24-0, 21 КО) и предизвикувачот Мајки Гарсија (39-0, 30 КО) успешно го одработија мерењето на Арлингтон стадионот во Тексас.

И двајцата беа под границата на велтер категоријата.

29-годишниот Спенс кој трети пат ја брани ИБФ титулата беше 66,3 килограми, а две години постариот Гарсија 66 кг.

Во одлична атмосфера на мерењето Гарсија кој се обидува да ја освои титулата светски шампион во пета тежинска категорија имаше поголема поддршка од навивачите.

Меѓу борците стоеше легендарниот Роберто Дуран.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON