Мајки Гарсија (30-1, 30 КО) не успеа да ја освои светската титула и во петата тежинска категорија.
31-годишниот Американец на Арлингтон стадионот во Тексас беше поразен со убедлива судска одлука од шампионот на ИБФ во велтер категорија, Ерола Спенс (25-0, 21 КО).
На Спенс ова му е трета одбрана на титулата, а на Гарсија прв пораз во 12-годишната кариера.
„Вистина“ пред 47 525 навивачи на АТ & Т стадионот со едногласна славеше со едногласна судиска одлука, при што сите судии ги дадоа сите рунди – 120-107, 120-108, 120-108.
Неофицијалните Компу бокс статистика го потврдува нивното бодување.
Спенс погоди 345 од 1082 упатени удари, односно пласира 270 удари повеќе од Гарсија (75 од 406).
Погоди и повеќе моќни удари – 237 од 464 во однос со 54 од 218.
Спенс по победата го предизвика Мани Пакијао.
https://www.youtube.com/watch?v=VPrlptjI49o
.