Атмосферата се зголемува пред спектаклот на боречки вештини што ќе се одржи на 23 јануари во „Етихад арената“ во Абу Даби.
Првата епизода на UFC 257 Embedded го покажува вчерашното доаѓање на Конор Мек Грегор и неговото семејство во хотелот.
Ирскиот борец доби посебен пречек, а камерата го следеше во специјално укедениот апартман.
Домаќините уредиле соба во која ќе можат да си играат децата на Конор, а Ноториус и неговата сопруга беа особено импресионирани од фотографиите направени за време на неговата кариера.
Меѓу нив беше и едн додека работеше како водовинсталатер.
„Брилијантно“, изјави Конор.
Видеото го отвора заминувањето на Дастин Поарие во Абу Даби, и каков третман имал во авионот.
Меѓу патниците беа Дана Вајт и остатокот од раководството на промоцијата. Тие пристигнаа во Абу Даби пред една недела.
Конор напиша на Инстаграм со неколку фотографии од јахтата: „Мојот остров“.