Сотир Настоски стави точка на ергенскиот живот

Уште еден карате ерген скокна в тавче. Сенсеи Сотир Настоски, првиот човек на Центарот за боречки вештини Бушидо-Струга, на многу интересен начин ја побара раката на својата девојка.

Настоски напишал порака на девојката, сега свршеница, дека му треба помош, односно да донесе хартија во теретаната за да ја стопира крвта.

„Но, кога го виде што пишува на маицата, се изненади и возбуди, бидјеќи очекуваше да види некоја повреда и крв. По малку збунета, имаше задача да одговори на напишаното прашање на маицата: „Дина дали ќе се омажиш за мене? ДА или НЕ“. Веднаш, без размислување заокружи ДА“, вели возбудениот и радосен Настоски.

Настанот се случил во теретаната на хотелот Дрим, каде што тренираат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON