Сопругата на Тајсон Фјури, Париз вчера изјави дека го загубила детето неколку часа пред борбата меѓу него и Сефер Сефери. Го криела тоа од него, за да не го скрши и да го поштеди од проблеми во мечот. Париз имала спонтан абортус утрото кога Фјури требало да се бори со Сефер Сефери во јуни. Таа знаела дека тоа може да го скрши, а тој дури неодамна успеал да се избори со депресијата и решила да го сокрие од него.
„Бев бремена во вториот месец и на денот на битката го изгубив моето дете. Не сакав да му кажам пред борбата. Го направив тоа дури по неа, а другиот ден отидовме во болница и лекарите потврдија. Пет недели подоцна повторно забременив и сега во март очекувам момче. Бевме скршени од загубата, но новата бременост ни помогна да се справиме.
Тајсон никогаш не се одреше од мене и од децата, а ние бевме до него. Тој беше во сериозна депресија и дури не сакаше да излезе од кревет наутро. Не гледаше смисла во животот. Потоа му реков дека не има мене и децата, но само рече дека не сака да живее. Се држеше пред сите и пред децата, но јас бев таму кога плачеше и врескаше“.
Tyson Fury's wife's heartbreak after losing baby on day of boxing comeback – and hiding it from him https://t.co/qcAna5uCRj pic.twitter.com/tYBImMxIwu
— Birmingham News (@DailyBRUM) December 9, 2018
.