Сонг Јадонг продавал сувенири во Пекинг додека Хенри Сехудо освои златен медал

Сонг Јадонг преку социјалните мрежи претстави многу интересни фотографии. Кинескиот УФЦ борец беше уште дете кога Хенри Сехудо го освои златниот медал на Олимписките игри во Пекинг.

Настанот УФЦ на ЕСПН+ 110 овој викенд ќе го предводат 38-годишниот Сехудо и 27-годишниот Јадонг. Поранешниот шампион на УФЦ во мува и бантам категорија, Сехудо, ќе се обиде да се врати на победничките патеки по поразите од Алаџмејн Стерлинг и Мераб Двалишвили. Младиот Јадонг доаѓа од пораз од Петар Јан.

Како 21-годишник во 2008 г. Хенри Сехудо освои златен медал во борење на Олимписките игри во Пекинг. Неговиот сегашен ривал Јадонг тогаш имаше само 10 години. Кинезот на својот профил на порталот X објави заносна фотографија:

„Тимот на социјалните мрежи на УФЦ штотуку ми ги покажа тие слики. Продавав сувенири пред Олимписката арена во Пекинг во 2008 година кога Хенри го освои златниот медал. Хенри Сехудо, времето лета“!

Еве како „Трпл Ц“ одговори на објавата на Јадонг:

„Ако целта ти беше да ме расплачеш, тогаш ти успеа. Но овој викенд ќе дојдеш на ред да плачеш. Респект“!

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON