Сонен верува дека Миочиќ ќе ги зголеми шансите за победа против Џонс со една работа

Американскиот ММА борец со хрватски корени Стипе Миочиќ веќе извесно време чека меч против Џон Џонс. Тие требаше да се борат во ноември минатата година, но Боунс го откажа поради повреда.

А Џонс неодамна во објава на социјалните мрежи откри дека нивната борба е закажана за 9 ноември во Медисон сквер гарден, засега нема потврда од УФЦ.

Миочиќ е надвор од октагонот повеќе од три години. Неговиот последен меч беше во март 2021 година, кога загуби со нокаут во втората рунда од Френсис Нгану.

Поранешниот борец на УФЦ, предизвикувач во средна и полутешка категорија, Чаел Сонен деновиве изјави дека Стипе ќе биде подготвен за мечот против Боунс.

„Ако Миочиќ дојде на мечот со 114 килограми, тогаш ќе си ги зголеми шансите за победа против Џонс“, изјави Шаел Сонен во разговор со Даниел Кормиер, па и него го заплетка во приказната:

„Па, кога првпат се бореше со тебе имаше 110 килограми, а на вториот меч со тебе пет килограми помалку. Но, по поразот од Нгану, очекуваше трилогија, а знаеше дека треба да дојде поголема доколку сака да се пресмета со Камерунецот“.

Сонен верува дека Миочиќ го направил токму она што треба да го направи за натпреварот против Џонс.

„Стипе ја додаде вистинската количина на маса и ќе биде тешко да го собориме. Кога ќе се појави во Медисон сквер гарден, ќе биде подготвен да го победи Џонс“, подвлече Сонен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON