Неприкосновениот светски шампион во суперсредна категорија, Сoл „Канело“ Алварез ги потврди своите планови да ја води својата следна борба на 4 мај и истакна дека нема да боксира против својот сонародник.
„Тие секогаш се појавуваат, доаѓаат повеќе противници“, рече Алварез за следната борба. „Не застануваме, но секогаш се трудам да одржувам борби во мај и септември, на датумите на мексиканските празници. Секогаш барам можности за настап на овие датуми. Разработуваме некои детали за борбата во мај, но тоа ќе биде интересна борба бидејќи тоа е она што секогаш сакам да и го дадам на публиката“.
А една од главните причини за неговото појавување вчера на мексиканскиот телевизиски канал ТВ Ацтека беше најавата за продолжување на договорот со каналот за уште една година, што значи дека во Мексико борбите на Алварез ќе продолжат да се емитуваат на бесплатен канал, а не на платен систем за емитување.