Сол Алварез и Теренс Крафорд ќе се пресметаат наесен

Се чини дека оваа година е на пат да се случи еден од најголемите натпревари во историјата на боксот. Сол Алварез (62-2-2) и Теренс Крафорд (41-0) се договориле за борба наесен, објавија голем број независни изданија.

Се вели дека борбата ќе се одржи во септември на настанот „Сезоната во Ријад“ во Лас Вегас.

Се уште нема информации за категоријата во која ќе се одржи мечот, но по голема веројатност секој од двајцата ќе направи чекор назад и ќе се сретнат во средна категорија.

„Канело“ моментално е обединет шампион во супер средна категорија, а „Бад“ го освои привремениот појас во супер полусредна категорија откако минатата година ги ослободи титулите во полусредна категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО