Сол Алварез е на добар пат да стане првиот милијардер во историјата на професионалниот бокс

Мексиканската боксерска суперѕвезда Сол Алварез- Канело е на работ на историски финансиски пробив – тој би можел да стане првиот милијардер во историјата на професионалниот бокс, според неговиот менаџер Ричард Шефер, кој повторно се здружува со Канело по нивната претходна соработка во „Голден бој промоушнс“.

Според Шефер, кој има долгогодишно искуство во финансискиот сектор и боксерскиот бизнис, Канело не е само еден од најдобрите боксери на својата генерација, туку и најдобриот стратег во светот на боречките спортови. „Канело е без сомнение најпаметниот бизнисмен во боксот што некогаш сум го сретнал“, рече тој. „Ќе му помогнеме да собори нова граница. Тој ќе стане првиот боксер што ќе ја премине границата од милијарда долари. Не се сомневам во тоа. Кога? Веројатно следната година“.

Предвидувањето не изгледа далеку од реалноста. Само според „Форбс“, Алварез веќе заработил околу 600 милиони долари во кариерата досега, а неговите приходи од спонзорства, рекламни кампањи и разни деловни потфати продолжуваат да се зголемуваат. Тековниот договор на Мексиканецот вклучува четири борби како дел од таканаречената „Сезона во Ријад“, при што првата беше на 3 мај против Вилијам Скул, а следната – долгоочекуваниот судир со Теренс Крофорд – е закажана за 12 септември и ветува дека ќе биде еден од настаните на годината.

Шефер, кој го познава Алварез уште од тинејџерските години, не ги крие своите лични симпатии кон него. „Имам голема среќа. Го познавам од 17 години, а сега има 34“, рече тој. „Завршив со боксот и среќно се опуштав кога ми се јави и ми ја понуди работата. Тој е мој пријател и многу сум среќен што работам за и со него, справувајќи се со сите различни аспекти: преговарање на борби, сите други деловни и слични работи“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON