Австралискио фајтинг чемпионшип и Кунлун фајт одржаа заеднички настан во Мелбурн.
Главната борба на вечерта беше мечот за титулата на АФЦ во полутешка категорија меѓу Џејми Абдалах (7-2) и Рамео Тиери Сокуџу (19-18).
Камерунскиот ветеран беше во голема неволја за време на борбата, но направи пресврт со удар со десниот лакт во средината на втората рунда. Потоа со тупаници го заврши здрманиот Австралиец и ја прекина серијата од два порази. Во последните два меча тој беше поразен од Лукас Јурковски и Сергеј Харитонов.
https://www.facebook.com/kunlunfc/videos/1412928215493199/
.