Карате федерацијата на Македонија (КФМ) денеска го одржа редовното годишно Собрание на кое беа разгледани и усвоени повеќе точки од работењето на Федерацијата како: извештајот за работата на КФМ во 2016 година, финансискиот извештај, Програмата за работа на КФМ во 2017 година, а во точката разно беа загатнати и проблеми со кои се соочува Федерацијата.
На Собранието присуствуваа 39 делегати од 61 регистриран клуб во КФМ, со тоа што двајца немаа право на глас, бидејќи немаа печат на полномоштвата.
Претседателот на КФМ, Драги Стојановски, ја оцени годината како исклучително успешна, затоа што е освоен боронзен медал на Европското првенство (Емил Павлов), а на Балканското првенство два златни медали од три финалиња (Павлов и Енес Самилагиќ, а финале имаше и Адил Мехмед), посочувајќи ги и медалите во малдинските конкуренции на ЕП.
Тој вели дека во историската година кога картето е примено во олимпиското семејство Македонија мора да се подготвува добро за Олимпиките игри во Токио 2020 година, прво да избориме норма, а потоа и медал, посочувајќи дека Македонскиот олимписки комитет (МОК) најмногу има доверба во каратето. Стојановски смета дека и од Младинските олимписки игри 2018 година во Аргентина можеме да донесеме медал.
Тој истакна дека за сениорското ЕП во Турција од МОК се префрлени 10.000 долари за подготовки и настап. Не заборави да нагласи дека КФМ е изберена за најдобра федерација на изборот на спортист на годината на Македонија.
Јован Лазарев од КК Цветан Димов исткана 2017 година се навршуваат 50 години на каратето во Македонија и се надева дека овој јубилеј ќе биде пригодно одбележан. Нагласи дека патот до ОИ во Токио нема да биде лесен, бидејќи големите сили уште сега ќе вложат многу средства за да дојдат до медал, а домаќинот Јапонија се враќа на сцената во голем стил. Тој потсети дека на досегашните светски првенства имаме само еден бронзен медал на Жарко Арсовски и две пети места.
„Сега ќе има три категории со по 10 натпреварувачи на Олимпијадата. Седумина ќе го изборат местото со пласман, едно место е за домаќините, а двјаца ќе добијат вајлд-карта“, посочи Лазарев, додавајќи дека треба да се најде баланс за стимулирање на тренерите, работа која сега не е како што треба.
Бошко Заборски од КК Макпетрол укажа деја во Годишниот извештај се испуштени освојувачи на медали во 2015 година и во 2016 од натрпревари кои биле критериумски за избор на репрезентацијата како на Вероника Костовска, Моника Пендаровска, Петар Спасеновски итн. Заборски рече дека во КФМ сeлeктор е Правилникот, а не тренерите на репрезентацијата. Тој наведе дека фалат извештаите од Премиер лигата во Салзбург, како и од Истанбул, Светскиот куп Лашко, каде што нашите натпреварувачи освоиле медали. Според него, ова има реперкусии спрема натпреварувачите, бидејќи тоа се спортисти од Макпетрол и Металург. Исто така, посочи дека не се забележани резултатите од Универзијадата во Загреб и Униеверзитетското светско првенство во Португалија.
„Мислам дека со една фотографија и со еден пасус треба да се забележат овие резултати“, рече Заборски, кој инсистираше да не се усвојува извештaјот без овие резултати.
Членот на ИО, Бесник Мурати, рече дека овие резултати не се забележани оти немало официјален шеф на делегацијата на тие натпревари. Стојановски додаде дека во иднина резултатите од критериумските натпревари ќе треба да се забележуваат.
Заборски се осврна и на Светското првенство во Линц, Австрија, и истакна дека нема добиено извештај од КФМ што навистина се случи со приговорот за Наташа Стефановска, но и изрази балгодарност што во случајот на Симона Заборска била направена мала флексибилност за настап во репрезентацијата. Затоа тој побара за докажаните репрезентативци да се има поголемо разбирање во дадени моменти.
Александар Кузмановски тренер на кадетската и јуниорската репрезентација и тренер на КК Олимпик спорт рече дека во извештајот се што треба да се наведе е ставено. Тој рече дека доставил годишна програма за работа пред ЕП 2017. Кузмановски е уверен дека можеме да освоиме најмалку три медали. За настапот на Младинските олимписки игри, најверојатно, нормата ќе се обезбедува на СП во Тенерифе-Шпанија.
„Имаме програма по која професионално ќе се работи со кандидатите за репрезентацијата, кои ќе се знаат со име и презиме. Светскиот куп во Умаг ќе биде критериумски за СП, а 3-5 натпреварувачи ќе учествуваат на кампот“, истакна Кузмановски.
Тренерот на сениорската репрезентација, Петар Белистојаноски, ја оцени 2016 година како успешна бидејќи Емил Павлов освоил бронзен медал на Европското првенство, а Наташа Стефановска го освоила петото место. Според него, за тоа придонела добрата работа во клубовите. Тој рече дека ќе има повеќе викенд подготовки и дека ќе има соработка со иранската репрезентација, која треба да гостува во нашата земја, како и со Италија.
„На Европското првенство во Турција да го задржиме континуитетот на освојување медали. Се надевам на ова ЕП ќе имаме повеќе медали, барем два“, нагласи Белистојаноски.
Столе Андреевски, како в.д. тренер на репрезентацијата за кати, посочи дека само во 5-6 клуба се работат кати, што е премалку. Побара соработка со тренерите и судиите, а Балканското првенство да се исфрли од критериумските натпревари, бидејќи имало многу судиски коалиции. Според него, подобро е да има плеј-оф натпревари.
Претседателот Стојановски рече дека е оптимист во однос на успехот на карате спортот, но ако нема соработка меѓу тренерите и не се најде човек кој може да ја води репрезентацијата, тогаш ќе ангажира стручњак од странство. Тој ќе работи само во интерес на спортистите и се надева годинава дека ќе има поголеми успеси.
Заборски се наврати и на настапот на ЕП во Монпеље, посочувајќи дека се потрошени 600 илјади денари, а, пак, се барало од клубовите да партиципираат пари, односно неговиот клуб.
Мирче Јанушевски од КК Металург укажана одредени пропусти и нелогичности во работата на КФМ, како што претходно го направи тоа со писмо до Федерацијата, при што Стојановски рече дека немале време да го разгледаат и дека писмено ќе му одговорат, иако по одредени прашања даде свои забелешки.
Јанушевски забележа дека има нелогичности во изборот на спортист на Македонија и изборот на најкаратисти на КФМ, бидејќи се појавија разни имиња. На време не се добиваат одлуките и заклучоците на ИО, а кои имаат и финансиски обврски за клубовите, поради што се ставаат во незгодна ситуација, како сега што се бараат по 300 евра за ЕП за Софија. На барањата на клубовите не се одговора, а тоа значи дека се игнорираат. И тој нагласи дека немаме селектор на репрезенатциите, бидејќи таа функција ја има Правилникот. Тренерите на репрезентација држат по 20 тренинзи, а селектираат само за борби екипно во машка и женска конкуренција, додека целата работа е на клупските тренери. Затоа смета дека нешто не е во ред со наградувањето. И уште еднаш праша: Кого го лажеме, самите или македонската јавност?
Јанушевски смета дека има недостатоци во рангирањето, забележувајќи дека не може седмо место да биде повисоко рангирано од медал. Тој истакна дека многу каратисти не се регистрирани поради високите цени и дека затоа одат повеќе да се натпреваруваат во соседните земји. Поради ова Јанушевски предложи издавање на книшка од КФМ која ќе чини 100 денари и во која ќе биде забележано за кој појас има положено каратистот, за натпревари на Државните првенства 600 денари и картон за натпревари 100 денари. Укажа на аномалиите со стипендијата спортска надеж, како и на новите законски одредби за финансирање од данокот на добивка, односно ако се има лига натпревар ослобдувањата ќе се 35 проценти, а во спротивно 5. Но и дека Лигата носи популаризација на спортот. А Стојановски истакна дека лигата има свои маани, односно дека не е многу заинтересиран за овој тип на натпреварување.
Јанушевски сугерираше во лигата да почнат натпреварите од 16 години со специјален лекарски преглед, како во фудбалот.
Зоран Дервишов објасни дека за номинациите направиле грешка во толкувањето на членовите од Правилникот и дека наместо Наташа Стефановска требало да ја предложат Пуликсенија Јованоска за спортист на Македонија, која беше изберена за најкартистка на КФМ.
На крајот Бошко Заборски запраша кои каратисти се на списокот на МОК, истакнувајќи дека немало ниту еден женски натпреварувач во борби.
Ipon.mk/В.Д.