Собираат пари за болна од рак ММА натпреварувачка

На ММА борецот Марија Хозе Фавела и е дијагностициран рак на лимфните јазли и не може да ги покрие трошоците за нејзиното лекување.

Нејзината колешка Синтија Калвило започна кампања GoFundMe за да и помогне.

„Здраво, јас се викам Марија Хозе Фавела. Јас сум професионален ММА борец и сега ја имам најтешката борба во мојот живот. Оваа битка е против ракот на лимфата.

Целиот мој живот му го посветив на спортот и никогаш не сум се подготвувал за тоа ниту финансиски, ниту психички. Борбата со оваа болест беше многу скапа и јас и моето семејство не можеме да ги покриеме трошоците.

Мојот живот зависи од тоа и ја барам вашата поддршка за да можам да ја добијам оваа битка за мојот живот. Ми треба сета помош што можам да ја добијам за да можам да излезам со крената рака.

Благодарам!“, напиша Фавела на страницата каде се собираат парите.

Фавела има скор од 3-2 во ММА и се натпреварува во бантам категорија. Таа е поранешна натпреварувачка на Инвикта. До денес се собрани 13.011 долари од потребните 75.000 долари. Фавела има 30 години и е родена во Мексико.

Многу ММА борци се вклучија да и помогнат. Да се ​​надеваме дека ќе се опорави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON