Со Усик имам незавршена работа… Следниот пат исходот ќе биде сосема поинаков, ќе поминам преку него!

Даниел Дубоа минатиот месец имаше доминантен настап на преполниот Вембли, нокаутирајќи го Ентони Џошуа за да ја одбрани светската титула во тешка категорија на ИБФ. Од тој момент, прашањето за иднината на „Динамитот“ е едно од најчестите во светот на професионалниот бокс. Наддавањето во јавниот простор се вршеше со неколку имиња, но се поизвесно е дека ќе видиме реванш меѓу двајцата британски тешкаши, за што зборуваше и самиот Дубоа во последното појавување во јавноста.

„Слушнав дека „Еј Џеј“ сака реванш. Ќе видиме. Ако тој го сака тоа, сакам и јас. Бев подобриот човек таа вечер, но без непочитување. Нема да кажам ништо лошо за него, тоа беше одлично. Се бориме и ако можеме повторно, ќе биде уште поголемо“, рече 27-годишниот шампион на ИБФ во тешка категорија во интервју за Секандс аут, додавајќи:

„Чувствувам дека треба да продолжам да се борам со најдобрите. Се борев со последните три момци, едни од најдобрите во светот, па морам да ја продолжам таа серија. Чувствувам дека реваншот со АЈ е позитивен чекор. беше возбудлива борба, баш онаква како што сакаа да видат навивачите“.

Дубоа во неколку наврати потенцираше дека приоритет му е повторно да ги вкрсти ракавиците со Џошуа на следниот меч, а потоа и ако од тој меч излезе повторно со крената рака, тогаш е заинтересиран за уште еден голем реванш – оној против Александар Усик. .

„Со Усик дефинитивно имаме незавршена работа“, рече Дубоа и заклучи: „Следниот пат кога ќе се бориме исходот ќе биде сосема поинаков. Ќе поминам преку него. Чувствувам дека се променив и како човек и како борец. Многу се подобрив“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО