Јапонката Рин Накаи дојде во танга, штикли, мрежеста облека и со бич во рацете на официјалното мерење пред борбата со Канако Мурата.
Ова се случи на Ризин Гран при за Нова година, кога Мирко Филиповиќ го совлада Кинг Мо и го освои претсижниот појас.
Јапонката Рин Накаи (30), која се бореше во вовдениот дел Канако Мурата, на официјалното мерење се појави облечена во мрежа, танга, на штикли и со бич во рацете. Накаи има неколку „секси“ фотосесии што ѝ ја подигнаа популарноста, па и овој момент се вклопи во сликата за неа. Инаку важи за опасен ММА-борец со скор од 19 победи (13 со прекин), еден нерешен меч и два пораза. Поразите ѝ се со судиска одлука на единствените нејзини мечеви во УФЦ. Еден од нив е од Миша Тејт, која подоцна стана и УФЦ-првак.
Сепак, Накаи извојува победа и на Ризин ГП со сабмишн, давење од позади во третата рунда.
.