Со помош на МОК, Андреа ќе настапува за Македонија, соопштија од Македонскиот олимписки комитет.
Во објавата на Фејсбук страницата на МОК се наведува дека Андреа Нисева е носител на бронзен медал од Европското првенство во борење 2023 (слободен стил), во иднина ќе се бори за Македонија!
Ова денес беше договорено меѓу претседателот на МОК, Даниел Димевски и Андреа, нејзиниот татко и нејзиниот тренер.
Андреа Нисева настапува за БК Олимпија од Штип.
Андреа Нисева во 1/8 финалето на Европското првенство ја победи Турчинката Сезин Дикичи, Русинката Полина Посохова и полската борачка Јулија Гибалска, а загуби само од Грузијката Миранда Капанадѕе, со што го свои бронзениот медал настапувајќи за бугарската репрезентација во борење.
„Имајќи ги предвид нашите долгорочни олимписки планови и програми, посебно Олимписките игри Лос Анџелес 2028, силно верувам и цврсто сум убеден дека Андреа е идна македонска спортска гордост и иден носител на многу медали од Европски и Светски првенства, но и Олимписки игри“, изјави по овој повод претседателот на МОК, Даниел Димевски.