Најголемата европска ММА организација ги почести своите фанови со уште едно одлично видео во кое потсети на најдобрите нокаути од минатата година.
Одличните претстави во текот на 2022 година забележаа возбудливи борби и одлични завршници, а победите кои дојдоа со нокаут беа особено атрактивни. А нив ги имаше …
Во октомври, Хенрик да Силва го заспа Томаш Наркун со одличен преден удар во втората рунда, а Мариуш Пуџијановски во мај го нокаутира Михал Матерла.
Украинецот Богдан Гнидко двапати се најде во видеото со најдобрите нокаути. Во август го заврши Дамин Пивоварчик за само пет секунди, а минатиот месец му беа потребни 38 секунди за да го нокаутира Мадалин Пирвулеску.
Погледнете ги најдобрите нокаути во 2022 година на КСВ во видеото: