Францускиот боксер со камерунско потекло Хасан Н’Дам (32 г.) ја освои привремената светска титула во средна категорија на ВБА по 20 секунди борба, и тоа со стил. Тој го победи противникот со ретко виден нокаут во Сент-Денис.
Алфонсо Бланко од Венецуела падна на земја од само еден силен удар на силниот Н’Дам кој сигурно не очекуваше вака лесна победа.
Страшниот нокаут го донесе Н’Дам на сооднос 35-2 во корист на победите , со што потврди дека во следните години ќе биде опасен противник на сите во средна категорија.