Ален Рустемовски беше блиску ддо освојување на медал на Европското бокс првенство во У-22 во Будва – Црна Гора, бидејќи загуби со контроверзна судиска одлука 2-3. По првите две рунди беа изедначени 1-1, а трета рунда судиите му ја доделија на Ерменцот Руслан Асликјан со 3-2.
Одлична прва рунда на Рустемовски, при што му броеја на противникот. Добро движење, уште подобра контра.
Втората рунда му припадна на противникот, а Рустемовски во вториот дел тргна во непотребно фрлање на удари.
Трета рунда беше изедначена, а Еременцот боксираше и нечисто.
И вториот наш претставник Арјан Исени не успеа да се пласира во полуфиналето и да освои најмалку борнзен медал.
Резултати – ЕП У-22:
57 кг Ален Рустемовски – Арманд Куристо Ковач (Унгарија) 5-0
57 кг Ален Рустемовски – Руслан Асликјан (Ерменија) 2-3
80 кг Арјан Исени – Себастијан Куш (Полска) 4-1
80 кг Арјан Исени – Михаил Цамлидис (Грција) 3-2
80 кг Арјан Исени – Јожерлин Сесар (Франција) 1-4