Ентони Џошуа ја одбрани ИБФ титула во тешка категорија со нокаут над Американецот Ерик Молина во третата рунда во Манчестер, со што го осигура дуелот со Владимир Кличко во април.
На Џошуа ова му беше втора одбрана на титулата, го прати Американецот на подот со силен удар со десницата, пред судијата да го прекине мечот. Поранешниот олимписки шампион сега има 18 нокаути во 18 професионални мечеви и ќе се сретне со Кличко, поранешниот шампион во тешка категорија на 29 април на Вембли во Лондон.
„Ова е чекорот напред кој луѓето го сакаа од мене. Кличко ги сака своите појаси назад и сега е до мене да го попречам во ова“, вели Џошуа.
Кличко (40 г.) кој ги загуби ВБА, ИБФ и ВБО титулите од Тајсон Фјури минатата година, го гледаше мечот по што му се приклучи на Џошуа на рингот.
„Тој е најдобриот боксер во нашата категорија и возбудата која ја носи со себе е одлична. Затоа тој меч мора да се случи“, изјави Владимир.
https://youtu.be/1WoHBFDvmLg
https://youtu.be/zyP8726y76Y
https://youtu.be/2VeB_ibdpNM