Каратистите на КК Олимпик Спорт направиоја голем успех на „Будимпешта опен“ изминатиов викенд освојувајќи еден златен и по два сребрени и бронзени медали.
Столе Смилковски го освои златниот медал во категријата до 55 килограми во кадетска конкуренција. Смилковски забележа пет победи, а во јуниорска брознен (5, 4-1).
Фаик Весели (-63 кг) во кадетска конкуренција го освои трето место (5, 4-1). Тој освои и сребрен медал во јуниорска (-61 кг) конкуренција (5, 4-1).
Кадетката Марија Милева (-47 кг) го освои сребрениот медал (4, 3-1).
На овој меѓународен турнир учествуваа 1200 натпреварувачи од 31 земја.
Олимпик од Скопје, кој е еден од најмладите клубови членка на КФМ, веќе се наметнува како карате клуб од кој што произлегуваат добри натпреварувачи. Да потсетиме дека Столе го освои бронзениот медал на Европското првенство, а Весели петото место на Светското првенство за кадети и јуниори, додека Марија е балкански шампион.
„Ова е само убав почеток на тоа што претстои. Во овој периодов клубот се подготвува за пласмани во репрезентацијата. Освојувањето на медал од еден ваков турнир на самиот почеток на сезоната е показател да се очекува медал и од европско од овие млади и преспективни македонски каратисти“ изјавија тренерите на клубот.
Со клубот настапи и Мартин Стојменов (-60 кг) од Кочани кој го освои златниот медал во У -21.
Тренерскиот тандем на Олимпик Спорт, Александар Кузмановски и Кристијан Младеновски, е задоволен од настапот и велат дека сето ова е подготовка за Државното првенство за јуниори и кадети на кое ќе се обезбедуват норми за Европското првенство во Софија идната година. Во таа насока, најверојатно, нивните каратисти ќе настапат на уште еден посилен турнир.
Столе Смилковски кадети – 57 освоено 1 место 5 борби 5 победи јуниори – 55 кг. Освоено 3 место 5 борби 4 победи 1 пораз Фахик Весели кадети – 63 кг. Освоено 3 место 5 борби 4 победи 1 пораз јуниори – 61 кг. Освоено 2 место 5 борби 4 победи 1 пораз Марија Милева кадети – 47 кг. Освоено 2 место сребрен медал 4 борби 3 победи1 пораз
Ipon.mk/В.Д.