Случајна средба песимистичка констатација (ФОТО)

Олимпискиот шампион Шабан Трстена на својаат Фејсбук страница раскажува за една интересна средба со поранешниот тренер на Бучим Јака во славните денови, односно кон карјот на 90-тите години.

„Пред некое време се сретнав со познатиот руски стручњак Владимир Мечиршвили кој работеше  како тренер во Боречкиот клуб Бучим Јака од Радовиш, околу пет години во најславните денови на клубот. Зборувавме за борењето, односно што се случува со него во светот. 
Го прашав и за деновите поминати во Радовиш и за тоа зошто не направил еден борач кој ќе освои медал на Европско или Светско првенство или на Олимпијада и ќе ја продолжи нашата традиција на Шабан Трстена, Зоран Шоров, Шабан Сеиди, па и човекот кој не е меѓу нас, Сефер Салиовски, освоија медали на овие натпреварувања. А тој ми рече:„Жал ми е, како стручњак, како тренер дадов се од себе. Борачите го сакаа борењето, но немаа доволно волја да работат и да ги стигнат вашите резултати. Сега сум во Индија и со истата програма тамошните борачи стигнаа до медали од СП и ОИ. Ама, тие живеат за да се натпреваруваат и да остварат врвни резултати.
Затоа Шампионе, ти знаеше со својот дух и волја да дојдеш до резултатите што ги направи. Слушам дека кај вас има луѓе во борењето кои не знаат борење“, истакнува Трстена.

Понатму наведува дека му кажал една работа која го израдувала. Русите секој пат планирале дека со него ќе имаат проблем и спремале посбени тактики за да го победат.

„Ми нагласи дека моите резултати се одраз на многу труд и работа, но и дека во денешно време тешко ќе се врати македонското борење таму кај што беше, на победничките патеки. Жално е до сега нашите борачи од Македонија 25 години немаат спортски резултати. А замислете си каде бевме ние борачите порано. Немавме услови, немавме спортски сали и носевме медали и трофеи на оваа мала држава. Најголем срам е што досега немаме ниту олимписка норма. Koj e виновник за сето ова? Кој дозволи најтрофејниот спорт во Македонија – борењето, да го осиромаши?, прашува Трстена.
Тој вели дека човек кој бил во Македонија пет години и кој сега живе многу далеку во Индија, прилично јасно и гласно, недвосмислено, укажува дека со вака состојбата нема да има медали и спорски резултати.

„Борењето ќе постои и кога ќе заминат, на секои 35 години ќе бараме од некој од борачките клубови да до донесат некои медали од Олимписки игри, европско или на светско првенство. Можеби ќе кажеме дека еден ден дека се надеваме по 5, 20 или 50 години ќе освоиеме некои олимписки медал,или на крај ќе се променат работите во позитивен правец. Жално но вистинито, ќе дојдат подобри денови за овој спорт, само со борачи од други земји“, заклучува олимспикиот шампион од Лос Анџелес 1984 година, Шабан Трстена.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON