„Го следам македонското борење. Некако, во последните години е во криза, но сега е на добар пат да се врати на старите патеки. Знам дека Штип, Радовиш и Скопје се македонските боречки центри . Македонскиот народ е гостопримлив. Среќен сум што сум одреден за делегат на „Македонскиот бисер“, ова беа зборовите на Словенецот Сатнислав Шернак по пристигнувањето на аеродромот „Александар Македонски“ во Скопје, каде што беше пречекан од Борче Боев, генерален секретар на Спортските федерации на Македонија и Трајче Димков, познат боречки ас и педагог од Штип. Шернак веднаш истакна дека сака да ги запознае убавините на Македонија.
Инаку, Шернак е ученик на штипјанецот Благој Давидовски, поранешен борач на Балканец, кој повеќе децении живее во Словенија, во Мурска Субота. Давидовски таму беше тренер во слободен стил и беше селектор на репрезентацијата на Словенија. Токму во клубот од Мурска Собота, како борачи, настапуваа Трајче Димков и Мите Насевски.
Емоциите на скопскиот аеродром беа неизбежни. Се присетија дека и двајцата се бореа во иста категорија, така што имале голем број на борби. Трајчев му врати на Шернак со убаво гостопримство, како што знаеме и умееме.
ipon.mk/К.М.-В.Д.