Словенката Тина Трстењак е олимписки шампион во џудо

Trstenjak olimpiski sampion

Словенија го слави вториот олимписки шампион во џудо на Олимписките игри во Рио де Жанеиро, откако Тина Трстењак стана победничка во категоријата до 63 кг. Првиот го освои Уршка Злонир пред четири години во Лондон.

Трстењак е водечка на ранглистата во својата категорија и се ослободи од улога на фаворит откако во финалето за помалку од две минути со ипон ја фрли Французинката Кларис Агбенену.

Бронзените медали станаа сопственост на Арден Џерба од Израел и Аника ван Емден од Холандија.

Trstenjak borba OI

Трстењак денеска ги скрши срцата на бразилските навивачи, бидејќи ја згази Маријана Силва, а претставничката на домаќините не успеа да се соземе и загуби и во мечот за бронзата. Агбенену беше фаворизирана како кандидат за титулата, но, сепак, во Франција се враќа со сребро.

Франција, пак, е една од трите земји која има џудисти во сите категории во двете конкуренции. На Игрите во Лондон пред 4 години тие освоија 7 медали и беа исти само со Јапонија по тој основ.

– 63 кг

  1. Тина Трстењак (Словенија)
  2. Кларис Агбенену (Франција)
  3. Јарден Џерба (Израел) и Аника ван Емден (Холандија)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON