Словенечката боксерка Ема Козин ја освои титулата светски првак во ВБЦ верзија во средна категорија и ги одбрани појасите на ВБФ и Виба.
Ема беше подобра од Уругвајката Крис Намус во одличен меч со едногласна одлука на судиите (97-93, 98-92 и 97-93).
Уругвајската боксерка беше многу поактивна во првите рунди, но Словенката со одлична тактика го сврте дуелот во своја полза. Таа ја презеде иницијативата и дојде до победа.
Тоа беше 20-та победа на Еми во нејзината професионална кариера и сега може да очекува борби со најсилните ривали во светот.