18-годишната Словенка Ема Козин е новата боксерска светска шампионка во средна категорија на ВБЦ Интернационал и ВБФ верзијата. Тоа го постигна со вчерашната победа во љубљанската сала Тиволи над Фиренца Мутони од Кенија.
Од својот прв меч, во септември минатата година, кога уште пред својот 18 роденден ја започна професионалната боксерска кариера, Ема Козин направи сензационален успех. Еден и пол месец пред својот 19-ти роденден, Ема дојде на две светски титули. Од порано во сопственост го имаше ВБУ појасот, а сега ги придодаде и овие два, од кои посебно е вреден ВБЦ Интернационал, затоа што станува збор за вториот од најјак појас на една од четирите елитни бокс федерациии.
Ема во Тиволи ја порази Флоренс Мутони од Кенија, со што својот скор го доведе до 11-0, со шест победи со нокаут, а вистинските разботи за неа дури сега почнуваат. Оваа девојка, која во боксот ја воведе татко и, висока е 174 сантиметри и совршено се снаоѓа во категоријата од 72,5 килограми. Следните чекори за неа секако гледаат спрема Кристина Хамер, импресивната 27-годишна Германка, непоразената светска шампионка во верзиите на ВБЦ и ВБО, но исто така и спрема ИБФ и ВБА појасите, кои во моментов немаат сопственици.
Веќедолго време во светскиот бокс не се појавила девојка која изгледа вака импресивно со само 18 години, всушност, тешко е да се замисли девојка која освојува светски појаси во еден од најзахтевните спортови во светот, додека нејзините врсници размислуваат за вообичаените работи на една тинејџерка. Но, веќе заклучиваме дека Ема не е обична девојка, но можеби е дури и новата Регина Хамлих.