Следната недела ќе се објават местото и датата за Мек Грегор-Мејведер?

Мега спетаклот меѓу Конор Мек Грегор и Флојд Мејведер официјално ќе биде објавен во почетокот на следната недела, тврди британскиот таблоид „Сан“, а на неговата информација се повикуваат и други спортски медиуми на Островот.

Според весникот, наскоро ќе ги дознаеме датумот и местото каде што ќе се одржи настанот на векот во боречките спортови, барем што се однесува до приходите и интересот за гледање.

Иако нема официјална потврда за мега мечот, во медиумите постојано протекуваат шпекулации дека веќе сè е договорено. Последен тоа направи легендата на ММА Каел Сонен, кој добил сигурна информација од „висок извор од компанијата дека продаваат билети за настанот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON