Следи уште една пресметка меѓу Деивсон Фигуеирдо и Брендон Морено

За прв пат во историјата најголемата светска ММА промоција ќе го организира четвртиот судир на истите противници.

Имено, Бразилецот Деивсон Фигуеирдо и Мексиканецот Брендон Морено во јули повторно би требало да се борат за титулата на УФЦ во мува категорија.

Ова е некако очекуваната одлука, бидејќи по нерешениот резултат во нивниот прв меч, кој се одржа во декември 2020 година, сегашниот сооднос е 1-1.

Во вториот меч, во јуни минатата година, Морено победи со „принуда“ (давење од позади), а Фигуеирдо возврати во јануари и го совлада Мексиканецот со едногласна одлука на судиите.

Нема сомнеж дека љубителите на ММА ги очекува уште еден возбудлив и неизвесен натпревар.

Но, тешко е да се согласат со оваа одлука другите предизвикувачи во категоријата кои чекаат прилика, а се чини дека ќе биде потребно уште малку трпение.

А првиот следен предизвикувач би можел да биде победникот од дуелот помеѓу Аскар Аскаров и Каи Кара-Франс, кои се борат следниот викенд на настанот УФЦ Фајт најт 205 во Колумбус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON