Славчо Тодоров (-90 кг) се пласира на седмото место на Светското првенство во самбо комбат во Казабланка, Мароко, 13-15 ноември. Воедно, ова е најдобар пласаман нa светските првенства во самбо на еден наш натпреварувач.
Тодоров требаше да биде само тренер, но настапи и во натпреварувачкиот дел. Во првото коло беше слободен, а во второто е поразен од светскиот првак Иван Василчук од Украина, кој влезе во финалето и го повлече нашиот борач во репесажот. Првата средба во репасажот против претсавникот на Маурициус ја добива без борба, а во следната која беше за пласман во малото финале е поразен од Молт Хелге од Германија, кој на крајот беше трет. Па така, Тодоров во генералниот пласман е седми.
Нашиот прв адут на СП, Ристо Димитров, во категоријата до 68 кг во првото коло беше слободен, а во второто е пораз од Маматалиев Нурланбек од Киргистан и со тоа заврши Светското првенство за него. Во неговата категорија имаше 17 натпреварувачи.
На Светското првенство се одржа и Конгресот на ФИАС каде што Македонија стана полноправна членка на ова организација. На конгресот учествуваше претседателот на Македонската самбо федерцаија, Ердал Факиќ. На Светското првенство учествуваа 87 земји од целиот свет.
Ipon.mk/В.Д.