Скршена рака? Погледнете со каква тарума помина Двалишвили пред УФЦ 311

Мераб Двалишвили ја направи првата успешна одбрана на титулата во полусредна категорија на УФЦ 311, нанесувајќи му го првиот пораз во кариерата со едногласна одлука на претходно непоразената дагестанска сензација Умар Нурмагомедов. Умар рече дека ја скршил раката во првата рунда, но денеска стана понзато дека Двалишвили влегол повреден во пресметката, дека дури и го излажал Спортскиот комитет за да не ја забележат неговата повреда.

Дури и пред „Машината“ да стапне во Интуит дом во Лос Анџелес, се бореше со сериозна повреда што можеше да ја спрели борбата за титулата доколку го фатеше Државната спортска комисија на Калифорнија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MMAmania.com (@mmamania)

За време на појавувањето во шоуто на Ариел Хелвани во понеделникот, Двалишвили откри како ја довел во заблуда CSAC за време на прегледите пред борбата.

„Бев загрижен дека комисијата нема да ми дозволи да се борам… Во Калифорнија имаат многу строг комитет… Момчето од комитетот ме замоли да му ја покажам долната нога, па јас го кренав левата ногавица за да му ја покажам потколеницата“, изјави Двалишвили. „Тој продолжи да зборува, а потоа побара да му ја покажам другата нога, па јас повторно му ја покажав левата нога и така тој никогаш не дозна за раната“.

Тренерот на Двалишвили, Џон Вуд, зборуваше за тоа како неговиот борец завршил со 27 конци и стафилококна инфекција пред една од најголемите борби во неговата кариера досега.

„Си ја пресече ногата на нашите трибини“, изјави Вуд за Сабмишн радио. „Поминуваше покрај трибините и буквално имаше исеченици по целата нога. Ја остави, продолжи да тренира и на крајот ја сошија. Потоа конците пукнаа, тој повторно ги соши и потоа му се зарази целиот горен екстремитет. Беше проблем дури и да се „добие дозвола за оваа борба“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО