Скршена рака која не е за сечиј желудник: Аматер борец брутално го порази противникот (ВИДЕО)

Навистина не е лесно да се гледа.

Во аматерски ММА натпревари ретко гледаме атрактивни завршници, делумно поради малку порестриктивните правила од професионалните ММА, а делумно секако поради послабото искуство на повеќето натпреварувачи.

Сепак, борецот Џалиел Палмер дојде до само еден таков „нетипичен“ крај за аматерска борба во Кејџ ворс 52. Палмер се бореше со Кол Фарасио, за кого ова беше генерално негов прв настап во ММА, додека за Палмер ова беше втор.

На крајот од првата рунда Фарасчи се најде во гардот на Палмер, кој го фати со зафатот кимура од долната позиција и се обиде да го заврши. Палмер не го олабави стисокот, туку продолжи со нападот, додека Фарасчи одби да тапка и раката едноставно му се скрши.

Во продолжение погледнете го видеото од овој брутален крај:

https://twitter.com/wildmatt/status/1520195090819469319?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1520195090819469319%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Ffightsite.hr%2Ffightsite%2Fostalo%2Fvideo-lom-ruke-koji-nije-za-svaciji-zeludac-amaterski-borac-brutalno-porazio-protivnika-15191426

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON