„Скопје опен“ по осми пат на 17 април

Годинава по осми пат ќе се одржи Меѓународниот таеквондо турнир „Скопје опен“.

Турнирот во олимпиското такевондо ќе се одржи на 17 април Спортскиот центар „Кале“ во организиација на Македонската таеквондо федерација и Таеквондо клубот Бутел од Скопје.

„На турнирот очекуваме над 600 натпреварувачи од над 15 држави или над 100 клубови.
На турнирот задолжително ќе мора да се почитуваат ковид- мерките предвидени за спортски настани“ велат од МТФ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON