„Скопје опен 2021“ одложен за 5 јуни

Меѓународниот таеквондо турнир „Скопје опен 2021“ кој ќе се одржи по осми пат, заради состојбата со пандемијата на Ковид-19 се презакажува за 5 јуни.

Турнирот требаше да се одржи на 17 април во Спортскиот центар „Кале“ во организација на Македонската таеквондо федерација и Таеквондо клубот Бутел од Скопје, при што се очекуваа над 600 натпреварувачи од над 15 држави или над 100 клубови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON