Спортската комисија на Невада (СКН) му ја ублажи казната на Конор Мек Грегор за инцидентот со Нејт Дијаз на прес-конференцијата за УФЦ 202.
Ирецот за фрлање на шише и лименка на Дијаз првично беше казнет со 150.000 долари, однонсно одземање на 5 проценти од профитот на 3 милиони долари и со 50 часа на општествено-корисна работа.
Инцидентот предизвика интерес за настанот и му омозвожи на УФЦ да има еден од најуспешните „плати па гледај“.
Ноториус изјави дека нема намера да плати и дека во краен случај нема да се бори во Невада. Но, со оглед на преговорите за борбата со Флојд Мејведер и важноста на Лас Вегас за истата, Ирецот имаше ново рочиште.
На крајот на Мекгрегор ќе треба да плати 25.000 долари и 25 часа општествено-корисна работа.