СКАНДАЛ во Будва: Противникот на Гоце Јанески избега од борба поради ракавиците!

Goce Janeski os peharot vo Leskovac

Балкане, Балакане наш… никогаш доста од интриги за да се дојде на полесен начин до целата, а со тоа да се омаловажи противникот. Она што се му случувало на 26. Меѓународна боксерска ревија „Јадрански бисер“ во Будва, Црна Гора, нашиот репрезентативец Гоце Јанески од БК Аперкат е скандалозоно.

Jadranski biser

Имено, Јанески синоќа требаше да се бори во сениорска конкуренција во категоријата до 81 килограм со домашниот боксер Предраг Дробњак, но, Црногорецот, иако потежок 5 клиограми, одбил да се бори зашто нашиот боксер немал ракавици број 12. Кога стручниот шатб на нашиот боксер побарал ракавици број 12, организаторот одговорил дека немаат, иако тој ги обезбедува ракавиците.

goce Janeski i tatko mu sopriznaieto

„Гоце прифати да боксира со пет килограми потежок противник. Ја чекаме последната борба, која требаше да биде шлагворт на Ревијата. Излегува Гоце, а противникот го нема. Како што дознавме некои наши „сограѓани“ од Македонија му рекле:„Не боксирај со него, ќе те нокаутира“. Од тоа се исплашил многу. Излегуваме на рингот и тренерот негов вели дека не може да се бори со овие ракавици, туку дека треба број 12. Им рековме добро дајте ни број 12, а тие велат немаме. Како немаат?! Значи, секој организатор има два пара ракавици, што подрзабира дека не смееш да носиш свои ракавици. Им велиме нека бира противникот со кои ракавици сака да боксира, но тие, пак, не сакаа. И, така, не го пуштија Гоце да настапи. Два дена се матретираме по патишта и немале ракавици, а нашите не биле добри“, изјави за Ipon.mk Љупчо Јанески, татко и менаџер на Гоце.

Jasin Lama so tabla Makedonija

Вториот наш боксер кој настапи во сениорска конкуренција, Јасин Лама (-60 кг) загуби од репрезентативецот на Црна Гора, Ико Ремзовиќ (Раднички).

„Тоа беше јака борба, по која Ремзовиќ беше прогласен з апобедник на турнирот“, изјави тренерот на Лама, Насер Харуни.

Во јуниорска конкуренција настапи и Хурмет Јонузов (Шкупи) во категоријата до 66 кг и се сретне со Милован Секуловиќ од Подгорица.

На ревијата настапија боксери од Црна Гора, Србија, Хрватска, Македонија, Албанија и Косово.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON