Боречкиот настан на АМЦ Фајт нјатс глобал кој се одржа во четвртокот во Москва, го одбележа скандал и масовна тепачка.
Сè започна кога Магомед Исмаилов и Владимир Минеев се најдоа во октагонот за да ја најават нивната возвратна борба.
Откако разменија неколку зборови почнаа да се удираат. Следуваше хаос кој се претвори во масовна тепачка.
Интервенираше полицијата, а некои портали јавуваат дека Минеев требало да се брани од Исмаилов, но и од навивачите.
Откако ситуацијата се смирила натсанот продолжил, а во главната борба на вечерта Вјечеслав Василевски го нокаутира Богдан Гусков.
Исмаилов и Минеев се бореа во октомври 2018 година, а нивниот судир на ФНГ 90 заврши нерешено.
https://www.youtube.com/watch?v=NmwkwEMZzc4&feature=emb_logo
Well they're certainly in the Christmas spirit over at AMC Fight Nights in Russia pic.twitter.com/gCWagXAFRs
— caposa (@Grabaka_Hitman) December 24, 2020