Машината за нокаути Генади Головкин (Казахстан) го изневери својот мирен стил и за прв пат во боксерската кариера колегата го нарече кловн.
Навредата беше упатена кон британската легенда и поранешен светски шампион, Карл Фроч, кој во моментов е специјален аналитичар и коментатор на „Скај Спортс“. Причината за чудната реакцијаа на светскиот шампион во средна категорија беше коменатрот на неговиот колега.
„Головкин има потреба да боксира со некој сериозен противник, но во секој случај треба да стои подалеку од повисоката супер средна категорија“, напиша на Твитер, Карл Фроч.
Одговорот на непобедливиот Головкин не задоцни. „Еј ти, Карл Фроч, немој да судиш кој е сериозен ривал, а кој не. Ти си уште еден кловн, кој премногу зборува, без да направи нешто“.
Гласините за меч меѓу Фроч и Головкин се вртат подолго време. Англичанецот последениот меч го имаше пред две и пол години и оттогаш не се стапнал во рингот.
Во последниот меч Головкин го „згази“ сонародникот на Фроч – Кел Брук. Британецот го забележа првиот пораз во кариерата, иако Казахстанецот ја повреди аркадата.