Мејведер, исклучок а не правило во боксот!
На листата на Форбс на најплатени спортисти во светот се најдоа 4 боксери, од кои првото место како најплатен спортист го зазема Флојд Мејведер. Тој беше на врвот во 2012, 2014 и 2015 година. Неговото отсуство во 2013 и 2016 година се должеше на неактивност во рингот од мај 2012 до мај 2013 година. Не само што овој боксер е на врвот на листата, но и неговата заработувачка далеку ја надминува следната највисоко платена спортскa ѕвезда.
Еден од начините на кои овој боксер е постојано на врвот на листата е со намерно ограничување на бројот на борби. Од Божиќ 2007 година Мејведер се бореше само десет пати. Возбудата што ја создава неговата ретка појава во рингот резултира со огромна побарувачка за платено емитување и создава приходи далеку над почесто гледаните спортски ѕвезди.
Кога Флојд Мејведер го прифати предизвикот на ММА ѕвездата Конор Мек Грегор во август 2017 година, беше најавено дека победникот на таа предвидена борба во Лас Вегас ќе замине дома со најмалку 100 милиони долари. Не е ни изненадување што Мејведер, кој го собори неговиот противник со нокаут во 10 рунда, е на првото место на листата со годишна заработка од 285 милиони долари.
Ништо од ова, се разбира, не се нови вести. Овие работи се добро познати, бидејќи дискусијата околу заработувачката на спортистите е, и била, дел од спортскиот пејсаж со години наназад.
Но оваа успешна финансиска приказна е далеку од секојдневието во боксот.
Постојат околу 20.000 активни професионални боксери, и над 1000 професионални ММА спортисти во светот, од кои на листата се најдоа само 4 боксери и еден ММА спортист.
Според конзервативна проценка, врз основа на претходните извештаи на Форбс за боксери и ММА спортисти со висока заработувачка, има само19 боксери кои можат да остварат годишни плати во износ од над 2 милиони долари. Тоа се само 0,09 проценти од боксери на високо платените места.
Но, реалноста е дека огромното мнозинство боксери живеат од борба за борба.
За „јourneyman“ боксерите заработката во изминатите 5 години од една борба обично се движи од 300 до 1.000 долари. Најчесто, самите ги продаваат билетите за борбата. Многумина од овие боксери се платени, знаејќи дека ќе загубат. Темелите на скоро секој светски шампион се полни со борби против „journeyman“, па затоа и често се вели дека нивната улога е неразбрана. Повеќето луѓе гледаат само врвни боксери кои ги прават парите, но „journeyman“ боксерите се тие кои го одржуваат овој спорт.
Најуспешните меѓу нив успеваат да стигнат до околу 4.000 до 6.000 долари за рунда. Во текот на годината, добар боксер на ниво на почетник, би можел да биде вклучен во шест борби, што би му овозможило заработка од околу 30.000 долари пред оданочување. Откако ќе ги одземете даночните и тренерските трошоци, анализите сугерираат дека боксерите на ниво на почетници може да земат околу 20.000 долари од својата заработка во рингот. Токму поради оваа мала заработувачка боксерите честопати дополнитело работат како таксисти, ѕидари, молери…
Дел од некои „journeyman“ боксери се имаат најдено во рингот со Мејведер за време на почетокот на неговата кариера. Но, како што тврди Флојд Мејведер, 42 се обиделе и 42 не успеале да го соборат неговиот рекорд на непоразен. Па не е ни чудо што континуирано се задржува на врвот.
Дали и оваа година ќе ги засени останатите спортисти на листата, останува да видиме. Повеќе од сигурно е дека мечот на Нова година во Јапонија со Теншин Насукава не е за џабе, туку уште еден добар приход и проширување на неговиот бизнис во оваа земја.
Ipon.mk/Т. Јанкова