Правкот на УФЦ во тешката категорија Френсис Нгану се уште не постигнал договор со промоцијата, а неговиот престој во најголемата светска ММА организација се уште е неизвесен.
Така се разнишаа и плановите за евентуален судир меѓу камерунскиот удирач и Џон Џонс, за кој се зборува со месеци.
Наскоро ќе се навршат три години од последната борба на Боунс, кога тој го победи Доминик Рејс на почетокот на февруари 2020 година за да го одбрани шампионскиот појас во полутешка категорија.
Неколку тешкаши веќе покажаа интерес да се борат со 35-годишниот Џонс, а сега се огласи и Сирил Гане.
Францускиот борец и поранешен предизвикувач го повика Боунс на Твитер:
„Каде си Џон Џонс? Слободен сум во март за Вегас“.
Where you at @JonnyBones?
I’m free this March, Vegas 📍 pic.twitter.com/vc5i0UC07f
— Ciryl Gane (@ciryl_gane) January 12, 2023
Сирил Гане го доживеа единствениот пораз во кариерата пред една година кога во борбата за појасот загуби од Френсис Нгану.
Во септември, на настан во Париз, тој се врати со победа против Таи Туиваса.
Но, Нгану наскоро би можел да се врати во октагонот, барем така тврди неговиот тренер Ерик Никсик и се надева дека ќе се бори со Џонс.
„Мислам дека борбата против Џонс е 50-50. Френсис би можел да биде подготвен за март, но тоа е малку премногу блиску, бидејќи треба да се врати дома и да ја обнови визата. Ниту промоцијата се уште не објави ништо за неговиот договор“, додаде Ерик Никсик.