Француската сензација во тешка категорија во УФЦ – Сирил Гане (9-0) се закани дека ќе му го земе појасот на Френсис Нгану (16-3) и ќе стане следниот светски шампион. 31-годишниот борец не чекаше многу долго за да го предизвика Предаторот. Тоа го направи веднаш по убедливата победа над Александар Волков (33-9).
„Сега го гледам само појасот. Сакам меч за светската титула. 100 проценти. Ако бидам спротивставен на Нгану, тоа ќе биде војна, сигурно. Можам да почекам уште малку, бидејќи ова ќе ми помогне да се подобрам во октагонот и да ми даде дополнителна самодоверба. Но, мислам дека не ми треба дополнителна битка, бидејќи Волков беше достоен противник. Ако УФЦ утре ми даде таква борба, јас ќе влезам“.
Како и да е, Французинот ќе мора да чека во ред додека кандидатите се борат против Нагану. Тој мора прво да се соочи со Дерик Луис (25-7-1). „Црниот ѕeвер“ треба да добие шанса за појасот во септември. Поранешниот шампион во полутешка категорија Џон Џонс (26-1-1) исто така го очекува средба со Френсис.
„Френсис и јас ќе имаме добра борба, тоа е сигурно. Разговаравме во теретана додека трениравме. Се подготвуваше за мечот со (Алистер) Оверем. Ова е многу сериозен предизвик, многу е тежок. Но, јас сум подготвен да го запознаам, дури и за цели 25 минути. Ќе направиме шоу, затоа што тоа го сакаат двајца борци кои се предвидени за голема средба во октагонот“, рече Гане.